Порошенко: САД ќе дадат оружје на Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека не се сомнева дека САД ќе и дадат оружје на Украина за борба против проруските сили.

-Не се сомневам дека одлуката за можна испорака на оружје за Украина ќе биде одобрена од САД и останатите партнери. Киев мора да има средства да се брани- рече Порошенко.

„Ројтерс“ наведе дека е сериозна дилемата околу испорака на оружје на Киев, бидејќи САД влегува во ризичен потфат кој наводно помага да се стави крај на украинската криза иако противниците предупредуваат дек е можно и разгорување на војната.

Високо официјано лице од американската администрација пред два дена изјави дека не е донесена никаква одлука за испраќање оружје на украинските сили за борба против проруските сили на исток на државата, пренесе „Франс прес“.

Инаку во четврток во Украина ќе пристигне американскиот државен секретар Џон Кери за да му даде поддршка на Порошенко, но и да му даде надеж наКиев дека конечно ќе биде исполнето украинското барање за добивање американско оружје.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина