Порошенко ги обвини Русија и бунтовниците за нова офанзива во Источна Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги обвини проруските сепаратисти во Источна Украина и Русија дека започнале офанзива, откако денеска во Минск беше постигнат договор за прекин на огнот од недела.

Порошенко, на прес конференција на самитот во Европската унија во Брисел, ги оцени преговорите во Минск како тешки и најави дека исполнувањето на договореното ќе биде многу комплицирано.

Украинскиот претседател, исто така, ја поздрави солидарноста на ЕУ со неговата земја.

Прориските сепаратисти претходно објавија дека најмалку тројца цивили се убиени и уште толку се ранети во денешното гранатирање во таканеречената „Доњецка Народна Република“ (ДНР) на истокот на Украина, пренесе ТАСС.

Портпаролот на „Министерството за одбрана“ на „ДНР“ Едуард Басурин информира дека двајца цивили загинале во Доњецк и еден во Горловка. Тројца други цивили биле ранети во Доњецк.

Подоцна и проруските сепаратисти во Луганск соопштија дека најмалку тројца се убиени во напад на источниот украински град од силите на Киев, јави ТАСС, повикувајќи се на министерството за вонредни ситуации на самопрогласената Луганска народна република.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави денешниот договор во Минск за прекин на огнот во Источна Украина, предупредувајќи дека ескалацијата на конфликтот е спротивно на духот на постигнатиот договор.

– Договорот од Минск е добредојден чекор напред кон трајно и мирно решение на конфликтот во Украина и обновување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави Столтенберг.

Според него сега е најважно договореното да се покаже и на терен, целосно и без одложување. – Ескалацијата на борбите во Источна Украина не се во духот на тоа што е договорено во Минск. Русија треба да престане со поддршка на сепаратистите и да ги повлече своите војници и воена опрема од Источна Украина, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Светска банка ќе обезбеди до 2 милијарди долари помош за Украина во текот на оваа година, соопшти претседателот Џим Јон Ким.

Парите првенствено ќе бидат наменети за помош на сиромашните, спроведување на реформи и борба против корупцијата. Овие средства ќе бидат доделени во рамки на меѓународниот пакет за земјата.

Претходно ММФ постигна прелиминарен договор со Украина за четиригодишна програма за кредитирање во вредност од 40 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина