Поројни дождови предизвикаа хаос во Кувајт

Од:

Поројни дождови денеска го зафатија Кувајт, предизвикувајќи блокади на патиштата и хаос во сообраќајот, јави ДПА.

Властите ја ангажираа Армијата за справување со вонредната состојба и апелираа да граѓаните да не ги напуштаат своите домови без поголема потреба.

Војниците и спасувачките тимови на повеќе локации поставија бетонски прегради со цел да ја задржат надојдената вода и да спречат нејзино продирање во населените места.

Поради поројниот дожд неколку патни правци во земјата се целосно или делумно затворени за сообраќај.

Кувајстката метеоролошка служба најави нови врнежи проследени со грмежи и во текот на престојнава ноќ, додавајќи дека очекува лошото време да трае до петок.

Поради невремето владините институции, училиштата и универзитетите се затворени, а не работат ниту повеќето банки и берзата.

Ова е втор бран поројни дождови во Кувајт, по оние од минатата недела кои предизвикаа поплави и големи материјални штети, поради што министерот за јавни работи Хусам Абдула ал Руми поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско