Поројни дождови и поплави го блокираа Букурешт

Од:

Властите во Букурешт денеска објавија портокалово ниво на опасност од поплави, откако интензивните врнежи не запреа повеќе од 20 часа.

Голем број улици во романскиот главен град се поплавени по поројните дождови, а десетици дрвја се откорнати од силните ветрови. Над 20 автомобили се уништени, а една жена е тешко повредена од пад на дрво.

Паднати дрвја и гранки го блокираат движењето на голем број трамваји и тролејбуси, соопшти портпаролот на претпријатието за јавен транспорт во Букурешт, Константин Тобеску.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет