Пораз за човештвото: Светот се расправа, ИД купува атомска бомба!

Од:

Глас Славоније – Осијек

Од своето основање Обединетите нации, пред нив и Лигата на народите, се соочуваат со многу критики за неделотворност, инертност, па и со конкретни обвинувања дека не ја исполниле својата основна задача, да ги спречат меѓународните судири.

Делотворноста на меѓународната заедница, читај ОН, на своја кожа најдобро ја почувствуваа Хрватите за време на Татковинската војна. ОН на подрачјето на Република Хрватска стигнаа дури откако Хрватска, голорака, успеа да ја одбие српската и црногорската агресија.

Секако, како и во бројни случаи пред тоа, меѓународната заедница не се оптоваруваше премногу со основните факти поради кои постои – кој е жртва, а кој е агресор. Примарна улога за инертноста на ОН во хрватскиот, но и во многу други случаи, одигра интересот на светските сили. Кога ќе се задоволи интересот на велесилите, тогаш може и да се најде малку место за меѓународното право и улогата на ОН.

Евентуално, навремена реакција на меѓународната заедница може да предизвика јавното мислење во државите на т.н. западен свет, но и тоа јавно мислење пред се е условено од количеството и видот на информациите кои јавноста ги добива од т.н. меинстрим медиуми. 
Колкава е денес немоќта и неединството на ОН доволно зборува податокот дека една терористичка организација денес, во 21. век, има свој главен град и територија која ја контролира и на која прогласи своја држава Калифат.

Во минатото постоеле многу ослободителни и револуционерни движења кои преку револуција за својот народ барале слобода, еманципација и признавање во рамки на меѓународното право и меѓународната заедница. Меѓутоа, ИД никако не може да се поистоветува со ниту едно досегашно ослободително движење или бунт на народите, тој е антипод на се што досега сме го запознале и виделе.

ИД не го признава меѓународното право и конвенциите, секојдневно смислува нови брутални методи за уништување на своите непријатели. Оваа терористичка организација јасно и гласно им порача на светот и на меѓународната заедница или вие или ние! Поради тоа, трагедијата на светот е дека до денес не е организирана меѓународна коалиција, на сите цивилизирани земји на светот, за да се искорени злото од овој свет.

Рака не треба да биде престолнина на Калифатот, туку место на кое ќе им се суди на сите идеолози и поддржувачи на ѕверствата кои ИД до сега ги направи во Сирија и Ирак, но и во Либија, Египет и Авганистан.

Поразителен е фактот дека некои актери на меѓународната заедница ја користат ИД како средство за притисоци врз други држави со кои имаат спротивставени погледи во регионалните и меѓународните прашања.

Всушност, во тој факт, во ривалството на регионалните и меѓународните сили, можеме да го најдеме одговорот на прашањето зошто се уште постои една антицивилизациска и антихумана организација со стотици илјадници припадници, фанатици и зошто се уште постои недопрената престолнина на таквата организација. За жал, светот почна да функционира според принципот непријателот на мојот непријател е мој пријател.

Денес во Сирија и Ирак имаме состојба кога на едно место ги имаме сите најсилни војски на светот, целата сила на најнапредната воена техника, но ИД и натаму напредува, освојува и тероризира. Како? Дали некој денес го поставил прашањето од што се финансира војска од неколку стотици илјади луѓе? Од продадената нафта? Па кој ја купува таа нафта и во кои земји оди? Како е можно во Сирија и Ирак да влегле повеќе од 100.000 странски исламистички борци, кој ги внел?

Кога би ги дознале конкретните одговори на овие прашања, а не шпекулациите со кои денес располагаме, ќе видиме дека ИД не е никаков феномен кој се родил од некоја антиматерија во некоја црна дупка во Вселената. Ќе видиме дека ИД е вистински и брутално реален показател на стварната состојба на денешните меѓународни односи и ривалитети во меѓународната заедница.

Затоа можеби опстанува толку долго и се бори со сите сили, бидејќи од светот детето, колку и де е злобно, тешко дека може некој да се откаже, а уште потешко е да го убие!

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад