Поранешниот претседател на Гватемала екстрадиран во САД

Од:

Поранешниот претседател на Гватемала Алфонсо Портиљо e екстрадиран во САД, каде ќе му се суди за перење пари.

Како што јавуваат агенциите, 61-годишниот Портиљо бил превезен со возило за итна медицинска помош, во придружба на полиција, од воената болница во престолнината Гватемала каде беше лекуван од белодробни и срцеви проблеми со воздухопловната база, од каде полета за САД.

Адвокатот на Портиљо изјави дека не му било дозволено да го испрати својот клиент до воздухопловната база и екстрадицијата ја оцени како „незаконска“.

Тој вели дека со неа се повредува гватемалското и меѓународното право, за што гватемалскиот претседател се жалел во судот.

Главниот обвинител на Гватемала Клаудија Пас демантираше дека има нерешени жалби од Портиљо и потенцираше дека екстрадицијата е целосно законска.

Се смета дека Портиљо испрал над 70 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска