Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, испитан во врска со убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција

Од:

Малтешката полицијата го сослуша поранешниот премиер Џозеф Мускат за сведочењето на бизнисменот Јорген Фенех, човекот за кој се верува дека стои зад убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција.

Поранешниот премиер вчера попладне мина околу еден час во полициската станица во близина на Ла Валета.

На заминување оттаму Мускат на новинарите им соопшти дека е сослушан во врска со изјавата што Фенех и ја дал на полицијата, и за чии детали веќе пишуваше и весникот „Сандеј Тамјс оф Малта“.

-Одговорив на сите ваши прашања, а полицијата повторно потврди дека не ме смета за осомничен, им рече Мускат на новинарите.

Мускат поднесе оставка откако беше откриено дека е пријател на Фенех, од кого добивал скапи подароци, и кој чекал на судење за наводно соучесништво во убиството.

Фенех ги негираше обвинувањата.

Новинарката Каруана Галиција беше убиена во експлозија на автомобил-бомба во октомври 2017 година.

Тројца мажи се обвинети за поставување на бомбата, и тие сега го чекаат судењето.

Фенех, инаку еден од најпознатите бизнисмени на Малта, беше уапсен во ноември.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски