Поранешниот италијански министер за финансии Отавијано дел Турко осуден на 9,5 години затвор за поткуп

Од:

Поранешниот италијански министер за финансии Отавијано дел Турко денеска е осуден на речиси 10 години затвор за корупција за време на неговата служба во органите на локалната самоуправа во Абруцо, соопшти ДПА.

Дел Турко во 2008 година беше лишен од слобода на еден месец и принуден да поднесе оставка од функцијата гувернер на централната област Абруцо, откако еден бизнисмен ги информира истражните органи дека му дал поткуп во висина од шест милиони евра.

Судот во Пескара, најголемиот град во областа, го прогласи Турко за виновен по обвиненијата за корупција и неколку други кривични дела.

Тој е осуден на девет години и шест месеци затвор, а треба да плати отштета во износ од три милиони евра и доби доживотна забрана да зазема јавни функции.

Политичарот, кој веќе пет години се наоѓа во домашен притвор, може и да не влезе во затвор, доколку ја обжали пресудата, а се очекува токму тоа да го направи.

– Невин сум, изјави тој за локалниот весник „Чентро“.

Неговиот адвокат Џандоменико Кјаца, ги обвини истражните органи дека не успеале да најдат „дури ни едно евро“ од поткупите, кои се во основата на предметот.

Турко е поранешен синдикалец, а бил министер за финансии во периодот 2000-2001 година, додека во 2005 година беше избран за гувернер на Абруцо. Тој е член на левоцентристичката Демократска партија (ДП). Откако се покренаа обвиненијата против него, тој е заштитуван од соработници на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Судот денеска им изрече затворски казни и на осуммина други обвинети, а меѓу нив и на Винченцо Мариа Анџелини, човекот кој призна дека му дал потпкуп на Турко. Тој е осуден на три години и шест месеци затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим