Поранешниот австриски вицеканцелар осуден на затворска казна за корупција

Од:

Поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска во Виена е осуден на 15 месеци условна казна затвор за корупција.

Штрахе е обвинет дека го фаворизирал сопственикот на приватна виенска клиника во 2017 година поради што е направена и измена на законот за здравствени услуги во приватниот сектор.

Во замена за тоа, на десно-популистичката Слободарска партија на Австрија (ФПО), тогаш предводена од Штрахе, приватниот претприемач Валтер Грабмулер донирал вкупно 12.000 евра.

Грабмулер е осуден на 12 месеци затвор за давање мито, исто така со условна казна.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче