Поранешниот аргентински претседател Менем осуден на седум години затвор

Од:

Поранешниот аргентински претседател Карлос Менем осуден е на седум години затвор за шверц на оружје за Хрватска и Еквадор бидејќи прекршил меѓународно ембарго во 90-те години од минатиот век.

Изречената казна може да ја поништи само Уставниот суд на Аргентина, се вели во решението на Апелацискиот суд. Со одлука на Судот, Менем (82) нема да може да ја користи изборната канцеларија и побарано е Сенатот да му одземе имунитет кој го има како сенатор.

Обвинителите бараа осумгодишна казна за поранешниот претседател, но судиите одлучија за седумгодишна казна затвор земјаќи предвид како олеснителна околност неговата возраст и признавањето.

Менем призна дека како претседател на Аргентина потпишал тајна уредба за извоз на оружје за Венецуела и Панама, но наведе дека „немал поим“ оти тони пушки и муниција произведени во Аргентина ќе завршат во Еквадор и Хрватска, држави кои во тоа време биле под меѓународно ембарго за увоз на оружје.

Апелацискиот суд одлучи дека Менем и 11 други лица се виновни со што е поништена претходната ослободителна пресуда од судење во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски