Поранешната Мис на Австрија Ена Кадиќ им подлегна на повредите

Од:

Поранешната Мис на Австрија, Ена Кадиќ им подлегна на повредите здобиени при падот од 30 метри височина.

Покраинските власти на Тирол соопштија дека Ена Кадиќ синоќа околу 22:30 часот по три дена „ја изгуби борбата за животот“.

Убавицата на Австрија од 2013 година, која е со босанско потекло, падна од панорамската платформа на планината Бергизел во петок попладне.

По падот Ена му се јавила на нејзинот брат и му рекла дека е тешко повредена на Бергизел. Нејзината мајка веднаш ја алармирала на Брзата помош која тргнала во потрага по Ена.

Ена Кадиќ 2

Кадиќ под панорамската платформа набрзо ја пронашле двајца студенти.

Младата девојка имаше повеќе тешки повреди, а лекарите од првиот ден рекоа дека е во „многу критична состојба“.

Ена Кадриќ во 2013 година ја освои титулата Мис на Австрија и ја претставуваше земјата на изборот на Мис на светот во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче