Поранешен полски министер ги обвини Германија и Русија за заговор против Полска

Од:

Соработката меѓу Русија и Германија во изградбата на „Северен поток 2“ ја стеснува „јамката околу вратот“ на Полска, изјави во интервју за телевизијата ТВП1 поранешниот министер за одбрана на Полска Антони Макеревич.

Според него, во таква ситуација клучно прашање за Полска е сојуз со САД, бидејќи ниту една друга земја не може да помогне по тоа прашање.

– Германија ја продолжува политиката на сојуз со Русија и тие заедно сакаат да ја стегнат јамката околу нашиот врат со помош на Северен поток 2. Тие сакаат да ја задават и Поска и централна Европа и засекогаш да ги направат зависни од сопствената економија и политичка моќ, изјави Маќеревич.

Поранешниот министер додаде дека Полска ќе остане независна држава само доколку на својата територија распореди американски воени бази, а, исто така, и доколку „Северен поток 2“ не биде завршен. Тој смета дека тие две прашања се клучни задачи на надворешната политика на Полска.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата