Порака од Франција: Американскиот напад врз Венецуела е спротивен на принципите на меѓународното право

Од:

Воената операција на Соединетите Американски Држави, која резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, е спротивна на принципите на меѓународното право, изјави шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.

Баро објави, во врска со нападот на САД врз Венецуела и апсењето на претседателот на таа земја, Николас Мадуро, и неговата сопруга, дека ставот на Франција е дека „никакво трајно политичко решение не може да се наметне однадвор“.

Во онлајн изјава на Х, Баро напиша дека „со узурпирање на власта од народот на Венецуела и лишување на тој народ од неговите основни слободи, Николас Мадуро сериозно го нарушил нивното достоинство и правото на самоопределување“.

Министерот за надворешни работи на Франција изјави дека американската операција „го крши принципот на избегнување на употреба на сила, што е основа на меѓународното право“.

„Франција потсетува дека никакво трајно политичко решение не може да се наметне однадвор и дека суверените народи одлучуваат за својата иднина“, објави Баро.

Во меѓувреме, опозициската левичарска „Непокорена Франција“ повика на митинг „во поддршка на венецуелскиот народ“ во 18 часот во Париз.

Нејзиниот лидер, Жан-Лук Меланшон, близок до режимот во Каракас, на мрежата X ја осуди американската „воена интервенција од друго време и гнасното киднапирање на претседателот Мадуро и неговата сопруга“.

„Трамповите САД ја присвојува нафтата на Венецуела кршејќи го нејзиниот суверенитет… Трговијата со дрога сега е изговор за империјата и нејзините политички и медиумски агенти да го уништат она што останало од меѓународниот поредок што не е предмет на законот на посилниот“, објави Меланшон.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Нереално е да се заврши оваа војна без Трамп

А1он

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи

А1он

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски