Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше односите меѓу САД и Русија на социјалната мрежа Truth Social и рече дека сака да изгради мир.

Во подолг статус на оваа мрежа, Трамп рече дека не сака да и наштети на Русија.

„Не сакам да ја повредам Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал многу добри односи со претседателот Путин – и покрај „вревата“ на радикалната левица за Русија. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија ни помогна да победиме во Втората Светска Војна, губејќи во тој процес речиси 60.000.000 животи. Со сето тоа, на Русија, чија економија е во колапс, и на претседателот Путин, ќе и направам многу голема услуга. Смирете се сега и запрете ја оваа страшна војна! Ќе биде само полошо“, рече Трамп.

Трамп му наредува на својот пратеник да ја реши војната во Украина во рок од 100 дена. Тој кажа и за тоа што ја чека Русија доколку не се постигне договор.

„Доколку не се договориме и наскоро, нема да имам друг избор освен да воведам високи даноци, тарифи и санкции за сè што Русија ќе им продаде на САД и на другите земји. Ајде да ставиме крај на оваа војна што никогаш не би започнала ако јас бев претседател. Можеме да го направиме тоа на полесен начин или на потешкиот начин. Полесниот начин е секогаш подобар“, заклучи Трамп.

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио