Поради рестриктивните мерки намален бројот на баратели на азил во Европа

Од:

Рестриктивните мерки воведени како резултат на епидемијата го намалија бројот на баратели на азил во Европа, но пандемијата може да предизвика повеќе пристигнувања во иднина ако се влоши ситуацијата на Блискиот исток и Северна Африка, објави Агенцијата за азил на Европската унија (ЕАСО).

Со суспендирање на глобалното патување, како што објави ЕАСО, во март, европскиот блок регистрира околу половина помалку баратели на азил во однос на февруари.

Агенцијата за границите на европскиот блок исто така соопшти дека нелегалните премини кон Европа се преполовиле од февруари до март.

Сепак, ЕАСО нагласува дека ширењето на коронавирусот на Блискиот исток и Северна Африка може да предизвика недостаток на храна, дестабилизирање на безбедноста и зајакнување на екстремистичките групи како ИД.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска