Поради пријави за бомба евакуирани патници од два воза во Шведска

Од:

Во Шведска денеска имало пријави за неколку бомбашки напади на железнички станици заради што биле евакуирани стотици патници.

Првата закана била пријавена во експрес воз на линија од Стокхлом кон Гетебург. Возот бил запрен непосредно пред влегувањето на станица, а патниците биле евакуирани.

Втората закана била за друг воз на станицата Содераље Сид, јужно од Стокхлом. Во тек се проверките и на двата воза.

Полицијата од железничката компанија побарала да го запре целиот сообраќај кон Гетебург и Стокхлом.

А според првичните извештаи во возовите не било пронајдено ништо опасно, ни сомнително.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло