Поради опасност од поплави затворена железницата и патишта во Чешка

Од:

Поројниот дожд изминатите денови го крена нивото на реките во Чешка и поради опасност од поплави е прогласена вонредна состојба во 45 региони, јави дописникот на МИА од Прага.

Поради надојдената вода или паднати дрвја целосно или делумно се затворени 11 железнички линии и десетина патишта.

Тројца кајакари се сметаат за исчезнати. Најлоша е состојбата во Јужночешкиот регион на југот на земјата каде од утрината е прогласен трет степен на опасност од поплави.

На „големата вода” се подготвува и Прага, каде на реката Волтава е објавен втор степен на опасност од поплави и каде околу пладне е најавен трет степен на загрозување и можно разлевање на реката на брегот и околината.

Во текот на изминатата ноќ биле пуштени браните и поставени вреќи со песок на критичните места. Во најзагрозениот дел на чешката метропола е забранет сообраќајот за трамваи, а останатите ограничувања ќе зависат од актуелната состојба.

Премиерот Петр Нечас донесе одлука во спречувањето на последиците од поплава да ја вклучи и армијата.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско