Поради невреме во Стразбур евакуирани 15.000 извидници

Од:

Околу 15.000 извидници кои ги подигнаа шаторите во близината на Стразбур во текот на минатата ноќ беа евакуирани од нивниот камп, поради силното невреме кое го зафати регионот и градот. Во невремето 35 извидници се повредени, јави дописникот на МИА.

– Петнаесет од нив имаат фрактури, но нема сериозни повредени, соопштија организаторите.

Повредите се должат најчесто поради паѓање на држачите на шаторите за време на невремето.

Најголемиот извиднички логор во Европа оваа година, беше инсталиран во петокот и мораше да биде евакуиран по заедничка одлука на властите и организаторите, кога во два часот изутринава започна силно невреме со дожд и силен ветер.

Најголемиот број од учесниците се на возраст од 14 до 17 години и тие беа пренесени во Стразбур во салата „Зенит“, каде го поминаа остатокот од ноќта, по што се вратија во кампот и започнаа со негово преуредување.

Би можело да ве интересира

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот