Поради магла одложени и пренасочени летови од аеродромот во Прага

Од:

Поради магла и слаба видливост на прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“ откажани се 32 лета, а 13 слетувања се пренасочени кон аеродромите во чешките градови Брно, Острава и Пардубице и во Дрезден во Германија.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според портпаролката на аеродромот Ева Крејчи, во текот на денот и натамусе можни компликации.

– До 8:30 часот утрото, беа откажани слетувања и полетувања, а во моментов полетувањата се остваруваат, а слетувањата делумно се ограничени. Состојбата и натаму не е идеална, изјави портаролката.

Откажаните летови се однесуваат на дестнациите до Брисел, Амстердам, Будимпешта, Хамбург, Лисабон, Цирих и Берлин.

Временските услови на аеродромот постојано се менуваат и видливоста на моменти се подобрува, а на моменти се појавува густа магла и одлуката за слетувањата или пренасочувањата надлежните ги носат во моментот.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско