Поради инцидент од 2007-ма година, Меркел и Путин не се во добри односи?

Од:

Ангела Меркел и Владимир Путин веќе со години „соработуваат“ заедно, што и не е нешто невообичаено со оглед на тоа што се лидери на две моќни држави, меѓутоа односот помеѓу нив веќе некое време не е пријатен, а многумина за тоа го обвинуваат токму претседателот на Русија.

Многумина се сеќаваат на инцидентот од 2007 година, кога тие се сретнаа во Москва во врска со преговорите за енергенси и трговија со истите. Путин тогаш почека да се соберат сите, ги повика и новинарите да влезат, а потоа и покрај тоа што знае дека Меркел се плаши од кучиња, го повика својот лабрадор.

Ангела Меркел во едно од своите интервјуа рече дека сфаќа дека тој се однесува така затоа што е машко и сака да покаже дека е помоќен од неа.

– Русија нема ни политика, ни економија. Се што има е Путин, додаде таа за крај.

Според наводите голем број лица го делат ова мислење, дека Путин во повеќе наврати демонстрира сила, за да ги прикрие своите слабости, наведувајќи примери од забрана за објавување на негови фотографии на кои е без облека до своето куче, па се до инвазија на Украина.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија