Поради антивладините протести во Зимбабве оневозможен пристап до интернет

Од:

Во Зимбабве во целост е оневозможен пристапот до интернет, соопшти невладина организација за слобода на медиумите по повеќедневните судири помеѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат поради зголемување на цените на горивата за повеќе од 100 проценти.

Високиот суд на Зимбаве в понеделник ќе ја разгледува жалбата поради укинување на интернетот.

Конференцијата на католичките бискупи наведе дека Зимбабве „минува низ еден од најтешките периоди во својата историја“ и ја критикуваше Владата за „нетолерантен третман на неистомислениците“ и за економскиот колапс на земјата.

Повеќе од 600 демонстранти се уапсени во Зимбабве во текот на неделата.

Демонстрантите блокираа патишта и се судрија со безбедносните сили поради одлуката на претседателот Емерсон Мнангагве да ја зголеми цената на горивата, со што тие ќе бидат најскапи во светот.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска