Поплави и пожари во југоисточна Азија

Од:

Во државите на југоисточна Азија, од кои најголемиот дел се наоѓаат во близина на Екваторот, во првата половина на овој месец мошне екстремно се почуствуваа последиците на актуелните глобални промени на климата.

Во дел на големите острови на Индонезија, во Сингапур и Малезија сушата, која се уште трае, предизвикува нови пожари и е причина за невобичаени рестрикции во употребата на вода за наводнување.

Од друга страна, во дел од овие држави, а уште повеќе во источниот дел на регионотм поплави уништуваат населби и се причина за смрт на над 60 лица.

Деновиве најалрмантна е состојбата во Камбоџа, каде што обилните монсунси дождови предизвикаа зголемување на нивото на реките, чија вода уништи над 14.000 куќи и предизвика смрт на 27 лица, меѓу кои и 15 деца. Се стравува дека надојдените реки и пороите може да предизвикаат поголеми штети од оние од минатата година, кога во Камбоџа поради водената стихија загинаа 168 лица, а без дом останаа над 1,8 милиони луѓе.

Жртви од поплави има и на индонезискиот остров Сулавеси, каде загинале две лица. Поплавите пред една недела однесоа 30 животи и на Филипините.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска