Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Од:

Дубаи е поплавен, а аеродромот во градот во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е затворен откако градот забележа рекордно количество врнежи за 24 часа, што обично се забележува за една година.

Ерлајнс Емирати ги прекина летовите од Дубаи од утрово до полноќ на 18 април поради неповолните временски услови, а меѓународниот аеродром во градот ги советува патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не е апсолутно неопходно поради невидените поплави што ги погодија Обединетите Арапски Емирати.

Аеродромот во Дубаи соопшти дека летовите сè уште доцнат и пренасочуваат и дека аеродромот прави максимални напори за да ги обнови летовите што е можно поскоро.

Емирати Ерлајнс објави дека ќе продолжи да ги спроведува процедурите за патниците кои пристигнуваат во Дубаи, како и за транзитните патници.

Летовите беа пренасочени во вторникот вечерта откако аеродромот во Дубаи беше делумно поплавен.

Во Дубаи во вторникот за 24 часа наврнаа над 120 милиметри дожд на метар квадратен, а се очекува врнежите да продолжат. Обилни дождови и силни ветрови ги погодија ОАЕ, Бахреин и Оман, каде во неделата и понеделникот во поплавите загинаа 18 лица.

Во Дубаи училиштата беа затворени, спортските настани беа откажани, а трговските центри во градот претрпеа сериозни оштетувања, како и некои патишта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски