Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Од:

Поранешниот директор на ЦИА и поранешен државен секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека на Институтот за вирусологија во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти и истражувања.

Тој додаде дека постојат многу докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија. Изјавата на Помпео уследи неколку дека откако американскиот претседател Џо Бајден им нареди на разузнавачите во рок од 90 дена да го утврдат потеклото на Ковид-19.

– Со сигурност можам да кажам дека ние знаеме дека луѓе од лабораторијата соработувале со Народно-ослободителната војска. Така што таму имало и воени активности иако тие тврдеа дека станува збор за строго цивилно истражување, истакна Помпео за Фокс њуз.

Тој додаде дека Кина одбила да каже на што работи и не и дозволи пристап на Светска здравствена организација.

– Лабораторијата за тестирање на вируси е сè уште таму и работи. Најверојатно врши тестирања што доведоа до протекување на вирусот од лабораторијата. Само Комунистичка партија на Кина го знае одговорот, но целиот свет заслужува одговор и тие треба да ни кажат што се случи, наведе Помпео.

Од почетокот на пандемијата Помпео тврди дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан.

– Од пролетта 2020 година постојат докази дека вирусот потекнува од лабораторијата. Знаеме дека имало луѓе кои се разболеле таму, научници кои се разболеле, посочи Помпео, додавајќи дека вирусите во лабораториите биле модифицирани да бидат заразни и потенцијално смртоносни и дека актуелната американска администрација мора да го испита тоа.

Би можело да ве интересира

Поранешниот шеф на ЦИА стана директор на украинска компанија за мобилни телефони

Горан Наумовски

СЗО до Американците: На која основа тврдите дека коронавирусот дошол од лабораторија

Ана Ололовска

Стотици луѓе на анти-ковид протести во Вухан

Ана Ололовска

Помпео: Бугарија има шанса да го реализира својот потенцијал како енергетски центар во југоисточна Европа

А1он

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

Вухан за пет дена го заврши тестирањето за Ковид-19 на 11, 28 милиони жители