Помпео тргнува на турнеја по Европа и Блискиот Исток

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео од 13 до 23 ноември ќе ги посети Франција, Турција, Грузија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија, соопшти денеска прес-службата на американскиот Стејт департмент.

Помпео во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, министерот за надворешни, Жан Ив Ле Дријан и други високи службеници за да се продолжи со трансатлантската соработка околу прашања поврзани со економијата и безбедноста, како и околу проблемот со тероризмот и глобалните закани.

Од Париз, државниот секретар заминува за Истанбул каде треба да се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, и ќе разговара за верските прашања во Турција и регионот, со намера да се потврди истакне тврдата позиција на САД околу верските слободи во целиот свет.

Потоа, Помпео оди за Грузија, на средба со претседателката Саломе Зурабишвили и со други официјални лица, како и со архиепископот на правиславната црква во Грузија.

Државниот секретар потоа ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, за разговори околу „договорт Абрахам“ и заедничките напори околу борбата со злонамерните активности на Иран.

Потоа, тој оди во ОАЕ на средби со престолнаследникот, принцот Даби Мухамед бен Саид, и во Катар на средба со министерот за надворешни, Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани, каде ќе се разговара за соработка воо бласта на безбедноста и регионалните прашања, како важноста од единство на Персискиот залив. Помпео турнејата ја завршува во Саудиска Арабија на средби со принцот престолонаследник Мухамед бен Салман.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски