Помпео си замина од Кабул без договор

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска си замина од Авганистан не кажувајќи дали успеа да издејствува договор меѓу политичките лидери во земјата.

Помпео беше во посета на Кабул за да се обиде да го придвижи американскиот мировен договор, што минатиот месец беше потпишан со талибанците во Доха.

Тој пропатува илјадници километри и покрај речиси глобалниот прекин на патувањата заради пандемијата на коронавирусот, пренесоа американските медиуми.

Отккао беше потпишан договорот меѓу САД и талибанците мировниот процес во Авганистан е во целосен застој заради политичките превирања во земјата, која се наоѓа во ќорсокак  уште од претседателските избори, што се оддржаа во септември минатата година. И актуелниот претседател Ашраф Гани и неговиот противкандидат Абдулах Абдулах се прогласија за победници и двајцата на одвени инаугурации месецов се прогласија за претседатели на Авганистан.

Помпео денеска имаше одвоени средби и со Гани и со Абдулах, за потоа да има средба и со двајцата авганистански лидери на кој се барал евентуалниот компромис.

-Во криза сме, им изјави на новинарите претсавник на Стејт департментот, кој го следеше Помпео во Кабул.

Би можело да ве интересира

Поранешниот шеф на ЦИА стана директор на украинска компанија за мобилни телефони

Горан Наумовски

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени