Помпео оптимист за постигнување договор со Турција за заштита на курдските борци

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази оптимизам дека САД и Турција ќе постигнат договор за заштита на курдските борци во Сирија.

– Уверени сме дека може да постигнеме резултат што вклучува две цели: заштита на Турците од реални терористички закани, и спречување ризик за луѓе кои не се терористичка закана за Турција, изјави Помпео.

Државниот американски секретар не прецизира како ќе биде постигната таква заштита.

Помпео додава дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу и дека има многу детали што треба да бидат разјаснети.

Курдите во северна Сирија се сојузници на САД, и стравуваат дека со повлекувањето на американските сили Турција ќе почне офанзива против нив. Анкара ги смета нив за терористи и клон на ПКК која е забранета во Турција.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски