Помпео: Неколкумина вработени во Стејт департментот се заразени со коронавирус

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека само неколкумина претставници на Стејт департментот ширум светот се позитивни на новиот коронавирус.

– Имаме само неколку вработени, можат да се избројат на прстите на една рака, кои се позитивни на коронавирусот, посочи Помпео.

Но тој не прецизира колкав е нивниот број, каде се наоѓаат и дали се вратени во САД.

Помпео истакна и дека Стејт департментот веќе ги ограничил патувањата на американските дипломати.

– Ќе продолжиме да се грижиме за нашиот тим, ќе дејствуваме во согласност со насоките од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и на професионалнте лекари, кои работат во Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница