Помпео го повика Советот на безбедност да го продолжи ембаргото на оружје на Иран

Од:

Нарекувајќи го Иран „најбрутален терористички режим“ во светот, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска го повика Советот за безбедност при Обединетите нации да го продолжи ембаргото на оружје на Техеран, кое истекува во октомври, и ја отфрли, како што рече, изнудувачката дипломатија.

САД објавија нацрт-резолуција на Советот за безбедност за продолжување на ембаргото на оружје на неодредено време, а Помпео рече дека целта на Вашингтон е соработка на сите 15 членки во нејзиното усвојување.

Но, тој посочи дека доколку резолуцијата не биде одобрена, што би се случило поради противење на Русија, САД ќе се повикаат на одредбата за нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили од 2015 година, за повторно наметнување на сите американски санкции за Иран.

Помпео истакна дека иранскиот претседател Хасан Рохани неодамна изјави дека Иран решително ќе одговори ако за Техеран биде продолжено ембаргото на оружје.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава