Помпео го осуди синоќешниот напад врз „Зелената зона” во Багдад

Од:

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ја обвини проиранската шиитска милиција за последниот, синоќешен напад врз „Зелената зона“ во Багдад.

-САД најостро го осудуваат последниот напад на милициите поддржани од Иран во меѓународната зона во Багдад. Иако никој од вработените во американската Амбасада не беше повреден, во нападот е ранет најмалку еден Ирачанец, а ирачката цивилна инфраструктура е оштетена. Тоа се истите групи кои напаѓаат дипломатски објекти, масовно ги ограбуваат ирачките државни ресурси, напаѓаат мирни демонстранти и активисти и вршат насилство врз верници од други религии, рече Помпео.

Дравниот секретар ги повика Ирачаните „да го зајакнат својот суверенитет“ и да ги казнат одговорните, како и да ја стават под контрола на државата шиитската милиција, за која Вашингтон вели дека е контролирана од Иран.

Претходно, локалните медиуми соопштија дека „Зелената зона“ во ирачката престолнина синоќа се најде под ракетен опстрел. Системите за воздушна одбрана, лоцирани на територијата на американската Амбасада, го неутрализираа нападот, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силна експлозија во центарот на Багдад, војската распоредена во неколку реони

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Ново страдање во Багдад – бомба разнесе десетици луѓе кои пазаруваа за Курбан Бајрам

Жарко Настоски

Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Убиен демонстрант на собир во Багдад за поддршка на убиените продемократски активисти

(ВИДЕО) Ужасна трагедија во Багдад: 82 жртви во пожар во ковид центар

Катерина Павлова-Николовска

Ирачкиот премиер ги отпушти клучните здравствени службеници поради пожарот во болницата во Багдад

Катерина Павлова-Николовска