Помпео го информира Гани дека е постигнат напредок во преговорите со талибанците

Од:

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани синоќа изјави дека американскиот државен секретар Мајк Помпео го информирал дека е „постигнат значаен напредок“ во преговорите со бунтовничкото движење на талибанците за повлекување на американските војници од Авганистан, јавуваат британските медиуми.

Гани на Твитер напиша дека во телефонскиот разговор со Помпео бил инфомиран дека талибанците на преговорите до Доха изнеле предлог што може да доведе до „значано и трајно намалување на насилството“ во Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп повлекувањето на 13.000 американски војници од Авганистан и договорот за тоа со талибанците ги стави како свои надворешно политички приоритети што можат да му ги зголемат шансите за повторна победа на претседателските избори во ноември.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес