Полскиот Сенат прифати спорна реформа и покрај протести

Од:

Полските сенатори синоќа прифатија нацрт-закон за избор на нов претседател на Врховниот суд, во момент кога демонстранти се обидуваа да го спречат донесувањето на таа реформ,а критикувана од Европската Унија. Шеесет сенатори гласаа за Нацрт-Законот, 30 беа против и еден воздржан.

Нацрт-Законот, што во скратена постапка помина во Долниот дом на Парламентот, треба да го потпише конзервативниот претседател на државата Анджеј Дуда.

Демонстрантите протестираа пред зградата на Парламентот извикувајќи „Сенатот е наш“ и „Не потпишувајте, историјата ќе ви суди“. Стотици најупорни останаа се до гласањето во 1,40 часот утрово по локално време.

Авторите на тој Нацрт – Закон истакнуваат дека целта е забрзување на избор на нов претседател на Врховниот суд, кој ќе ја замени Малорзата Герсдорф која не сака да замине во пензија на што сакаат да ја присилат конзервативците, со помош на судски реформи критикувани од опозицијата и Брисел.

Поради одредби во тој Нацрт- Закон Европската комисија покрена правна постапка против Полска што може да заврши со финансиски санкции. Европската комисија смета дека судските реформи се закана за владеење на правото бидејќи овозможуваат Владата да го контролира судството.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата