Полскиот претседател потпиша закон за ограничување на пристапот до контрацепцијата

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон со кој се ограничува пристапот до „таблетите „ден потоа“, што веќе ќе може да се купува само со рецепт, се вели во официјалното соопштение.

Нормативниот акт против оваа контрацепција беше трасиран по иницијатива на владејачката конзервативна католичка партија „Право и правда”, чиј кандидат Дуда беше избран за шеф на државата.

Претходното, либералната влада дозволи апчето да се купува без рецепт од лица над 15 години, согласно европската пракса.

Законот предизвика вознемиреност меѓу феминистичките средини во Полска, наведува БТА. Противниците на овој закон аргуменираат дека апчето треба да се внесе што е можно побрзо по сексуалниот чин.

„Право и правда”, која управува во Полска од октомври 2015 година, го запре државното финансирање на ин витро оплодувањето, а во есента 2016 година се обиде да го ограничи правото на абортус во земјата, која и без тоа претставува еден од најрестриктивните режими во Европа во однос на ова прашање. Под притисок на улични протести во кои учествуваа околу 100.000 луѓе, Владата сепак се откажа од овој закон.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата