Полскиот претседател ги повика САД да основаат база во земјата

Од:

Полскиот претседател Андреј Дуда за време на денешната прослава по повод Денот на Армијата на Полска изрази надеж дека САД ќе воспостават постојано воено присуство во неговата земја.

– Полска се плаши од новите манифестации на руска агресивност во Источна Европа, рече перетседателот Дуда за време на денешната прослава, додавајќи дека континуираното присуство на американските сили „ќе го исплаши секој потенцијален напаѓач”.

Армијата на САД распоредува војници во Полска и другите земји од источниот блок на НАТО, дејствувајќи самостојно и како дел од Алијансата.

Претседателот Дуда рече дека би сакал, ако економската ситуација на земјата дозволи, трошоците за одбраната да се зголемат на 2,5 отсто од БДП. Целта на НАТО е два проценти од БДП, а Варшава тоа веќе го постигна.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија