Полскиот претседател Дуда ќе одржи говор во Врховната Рада во Киев

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пристигна во посета на украинскиот главен град Киев да даде уште еднаш поддршка на нацијата загрозена од војната во Русија, јави ДПА.

Дуда ќе биде првиот шеф на држава што ќе се обрати во Врховната Рада, украинскиот парламент, од почетокот на војната пред три месеци, соопшти полската претседателска администрација во Варшава.

Дуда води кампања во ЕУ за Украина што е можно поскоро да добие кандидатски статус,појаснува ДПА.

Шефот на полската држава во април веќе го посети Киев по избувнувањето на војната, а таму се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По неговото враќање, Дуда ја обвини Русија дека води „сеопфатна војна“ во Украина. Тој тогаш кажа дека никогаш нема да ги заборави впечатоците од селото Бородјанка, кое беше уништено со воздушни напади и проектили.

Дуда, во април ја посети Украина заедно со претседателите на Литванија, Латвија и Естонија.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област