Полскиот премиер се сомнева во непристрасноста на ЕК

Од:

Полскиот премиер, Матеуш Моравиецки, на дебата во Европскиот парламент за иднината на Европа и ситуацијата во Полска изјави дека се сомнева во непристрасноста на Европската Комисија (ЕК) во процесот против Варшава за судските промени во земјата.

– Дали е Комисијата непристрасен олеснувач како што велите? Направивте големи напори за да пружите рака, изјави Моравиецки и додаде дека Полска применила некои од сугестиите на ЕК за судските реформи во основните судови, но дека и покрај тоа процедурата пред Европскиот суд за правда не беше повлечена.

Полска е предмет на повеќе прекршочни процеси пред Европскиот суд на барање на ЕК, која смета дека Полска ги прекршува начелата на владеењето на правото и незавиноста на судството откако Владата донесе мерки за намалување на возраста за пензионирање на судиите. Поради тоа, Полска ризикува нејзиното право на глас во Советот на ЕУ да биде суспендиран. Оваа “нуклеарна опција“ досега никогаш не се применила во ЕУ, иако се предвидува во Повелбата на ЕУ.

Полскиот премиер денеска во Стразбур ги бранеше ставовите на неговата Влада против нападите на европарламентарците и ЕК. Моравиецки оцени дека промените во судството се направени по модел на западните земји, дека „80 до 90 отсто од медиумите“ во Полска ја „критикуваат Владата“, и дека во земјата владее слобода на печатот.

Моравиецки долго зборуваше и за економските успеси на неговата Влада, намалувањето на дефицитот и на долгот, економскиот раст и инвестициите во „социјалните програми“.

За полскиот премиер, фокусот на ЕУ треба да биде во борбата против даночните измами и фискалната евазија. Тој истакна дека во Полска „им се одземени парите на мафијата за да се реинвестираат во социјални програми“.

Огромното мнозинство европарламентарци, како од левицата така и од десницата, сепак не беа убедени од неговите аргументи.

– Ставање на судии под политичка контрола не е дел од заедничките вредности, тоа не е традиција туку принцип, му порача шефот на либералите, Ги Верхофштат како одговор на аргументот на Моравиецки дека треба ЕУ да ги почитува „националните традиции“ во земјите членки.

– Реформа на судството е легитимна цел, но присилно пензионирање на судиите никогаш не може да биде дел од таква реформа, додаде Верхофштат.

Тој го повика Моравиецки да ја врати Полска во семејството на демократии и го потсети на неговите минати политички ангажмани на Моравиецки како член на синдикатот „Солидарност“ и еден од учесниците во преговорите за членство на Полска во ЕУ.

– Сметам дека поделбата на ЕУ, како што е сега случај, радува само еден човек, а тоа е Путин. А Послка најдобро знае како е кога сдубината ви е во рацете на „рускиот цар“, рече Верхофштат.

Критики пристигнаа од групите на Социјал-Демократите, Зелените и Демохристијаните еднакво. Поддршка Моравиецки доби само од есктремната десница.

Би можело да ве интересира

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија