Полскиот премиер ги обвини Русија и Белорусија за хакирање

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска ги обвини руските и белоруските тајни служби за хакерски напад врз државните системи и објавување на изменети електронски пораки, кои наводно покажуваат врски меѓу владата и судството.

dobivaj vesti na viber

Моравјецки објавувањето на мејловите го нарече „провокација“ со цел да се создаде раздор во Полска, поради поддршката на Варшава за Украина во војната со Русија.

Во мејловите од 2019 година, кои протекоа во јавноста во понеделникот, неговиот главен советник Михал Дворчик го информира Моравјецки дека разговарал за одредени судски случаи со „претседателката“ Јулија П. и дека тие се суспендирани.

Се шпекулира дека „претседател“ е всушност Јулија Прилебска, претседателка на Уставниот суд на Полска. Таа изјави дека „никогаш не разговарала за пресудите на Уставниот суд со никого, освен со други судии“.

Полскиот печат веќе неколку месеци пишуваше за наводната преписка меѓу Моравјецки и Дворчик. Полската влада ја негира автентичноста на преписката, иако некои од споменатите во неа рекоа дека е автентична.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Кривична постапка за руската новинарка Овсјаникова која „влета“ во ТВ студио

А1он

Моравјецки ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Русија создава нова копнена формација за поддршка на операцијата во Украина, тврди британското Министерство за одбрана

А1он

На полноќ во ЕУ стапува во сила забраната за увоз на руски јаглен

САД со нови санкции за стотина припадници на режимот во Белорусија