Полската војска – против Русија или против природните катастрофи?

Од:

Би-Би-Си руска редакција – Лондон

Полска ја активира војската за територијална одбрана и проценува тие до септември да бројат 35.000 војници.

Како што изјави министерот за одбрана, Антони Мачеревич на конференцијата на воено-патриотски организации во градот Оструда, веќе се распоредени клучните командни позиции во тие сили.
Силите за самоодбрана ќе се пополнуваат со доброволци од локалното население, кои членуваат во воено-патриотските здруженија. Тие ќе добиваат и плата.

Во Полска дејствуваат неколку организации кои се обединети во асоцијацијата „Стрелец“. Тие се претставуваат како продолжение на традиционалната воено-патриотска „Сојуз на стрелци“, која беше создадена во 1910 година во Лвов.

Секоја од 16-те полски воени области ќе добие по една бригада од силите за територијална одбрана. Во централната воена област Мазовец, најголемото и најгусто населеното,. ќе бидат формирани две бригади.

„Хибридна војна“

Гжегож Квашијак, советник на полскиот министер за одбрана, кој ќе биде одговорен за новите сили, го објасни нивното создавање со заканата од „хибридна војна“. Според него, сили од тој род се најнеопходните за одговор на таквите предизвици.

Тој воопшто не ја спомена Русија, но тактиката за која станува збор имено се поврзува со политиката на Кремљ кон источна Украина (во април тој спомна за опасноста која доаѓа од Русија).
„Хирбидна војна“ се нарекува конфликт во кој земјите кои користат и обична воена сила и нередовни формации, покрај тоа користат и кибернетски, информациски и други нестандардни методи за водење војна, вклучително и партизанска тактика и терористички акции.

Такви војни се водат тајно, без официјално да бидат прогласени и во многу држави постои мислењето дека Русија ја користи таа тактика врз Украина.

Сега полските власти, вклучувајќи ја и воената команда, го разгледуваат руското воено дејствување по западни стандарди како подготовка за воен конфликт со источноевропските држави, меѓу кои и со Полска. Москва распоредува војски во својоот западен округ и ги обвинува земјите од НАТО дека всушност тие подготвуваат војна.

Покрај сето тоа, формации за територијална одбрана ќе се создаваат првенствено во источните воени области, кои се во близина на Русија.

Зошто има потреба од милиции?

Некогашната Полска народна република имаше сили за територијална одбрана кои ги вршеа функциите на внатрешни војски, а во нивниот состав беа вклучени и граничните војски. Тие сили беа распуштени во 1989 година.

Во последниве години во Полска се зборува за можноста тие да бидат формирани, но концепцијата која нашироко се дискутира во печатот и меѓу експертската заедница, предвидуваше тие да бидат поразлични по карактер од војските кои постоеле во Полска за време на Студената војна.

Според таа концепција, силите за територијална одбрана се неопходни со оглед на пооперативно и пофлексибилно дејствување на голем круг на закани – од терористички акции и други насилни дејствија до природни или технички катастрофи.

Формациите од тој вид се сметаат како потесно поврзани со локалните граѓански власти, и не зависат толку силно од масивната и тромава армиска сруктура, колку од редозвните армиски делови.

Но тие формации добиваат армиска подготовка и се целосно воено способни за да може да се искористат при воен конфликт. Таквите делови може најмалку ефикасно да исполнуваат безбедносни и други второстепени функции во воени и граѓански објекти, да оддржуваат ред во стуации со кои не може да се справи полицијата, а не постои можност да се побара армиска поддршка.

Милитаризираните организации кои дејствуваат во Полска до денес ќе учествуваат во маневрите „Анаконда 2016“, кои ќе се организираат на полско тло од 7 до 17 јули, заедно со воените контингенти на неколку земји од НАТО.

Какви надежи нуди армијата?

При сето тоа, Полска заедно со останатите членки на НАТО во последно време полага силни напори да ја зголеми борбената способност на своите вооружени сили. Причина за тоа се влошените односи со Русија.

Во споредба со другите држави од Источна Европа, Полска поседува доста борбено спосбна сто илјадна армија и со расходите за воени потреби – два проценти од БДП (ангажман кој го преземаа сите членки на алијансата, но не сите го исполнуваат).

Во 2015 година, Полска донесе амбициозна десетгодишна програма за модернизација на своите вооружени сили во висина од 42 милијарди евра. Како исполнители на таа програма, веќе дејствуваат водечки европски и американски производители на оружја.

Таа предвидува модернизација на системите за противракетна одбрана, борбени хеликоптери, подморници, течко вооружување и беспилотни летала. Често пати станува збор за системи кои се вклучени во вооружувањето на полската армија уште од советско време.

Превооружувањето на прво место ја опфаќа противракетната одбрана. Минатата година, заменик-министерот за одбрана на Полска изјави дека по набавката, послиот систем за противвоздушна одбрана ќе може да се справи со руските балистички ракети „Искендер“.

Но, според Варшава, при воен конфликт со Москва, Полска нема да се потпира само на своите вооружени сили.

Како што изјави на 1 јуни министерот Мачеревич, на средбата на НАТО во Варшава во јули ќе биде објавено официјално распоредување на четири борбени батаљони од алијансата во Полска, Естонија, Летонија и Литванија.

Спротивставување

Мачеревич призна дека еден батаљон во постојана подготвеност нема да ја зголеми одбранбената спосбност на полскиата војска дотаму што ќе ги сопре руските сили. Ниту пак има таква задача.

-Тоа се челни сили кои заедно со армиите на земјите каде се распоредени ќе можат да ја сопрат агресијата, за онолку време кое и е неопходно на алијансата да ги организира сите свои структури и сили и да ја заштити земјата членка, беа цитирани во печатот неговите зборови.

– До моментов, НАТО признаваше дека при воен конфликт ќе изгуби извесни територии и ќе се наметне повторно да ги освојува. Сега, благодарение на дополнителните сили, алијансата смета да ги задржи своите позиции, потенцираше министерот.

Во последниве месеци Русија започна да распоредува по западната оперативна граница нови сили и да организира воени вежби, кои кај балтичките држави се толкуваат како знак дека се можна подготовка за инвазија.

Во јануари 2016 година, се дозна дека Русија ќе формира во својот западен округ три нови дивизии како дополнување на идната тенковска армија која постои во тој регион.

Москва всушност настојува дека: прво, таа оперативна формација била најслабо заштитена во последниве години и тоа едноставно треба да се поправи; и второ, дека тоа денес треба да биде итно засилено уште повеќе токму заради активните дејствија на НАТО.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата