Полската Партија на правото и правдата сака продолжен мандат за претседателот Дуда поради коронавирусот

Од:

Полската владеачка партија на Правото и правдата (ПиС) предложи измени на полскиот Устав за да му се овозможи продолжување на мандатот на актуелниот претседател Анджеј Дуда за уште две години заради заканата што е присутна од пандемијата со коронавирусот.

Полскиот Устав одредува претседателскиот мандат да трае пет години, а според предлог законот што вчера му беше упатен на парламентот, тој би бил продолжен на седум години, додека претседатеските избори закажани за 10 мај ќе бидат одложени.

-Актуелната закана за јавната безбедност и нејзините очекувани последици оправдуваат…. измена на Уставот за време ( на претседателскиот) мандат, напиша парламентарците во нацрт законот , потпишан од високи претставници на владеачката партија.

Портпаролот на партијата не сакаше веднаш да го коментира предлог законот за измена на Уставот.

До вчера се уште не беше јасно дали ПиС ќе обезбеди доволна поддршка за предложената измена, со која актуелниот носител на должноста ќе го изгуби правото да се кандидира за уште еден мандат

ПиС и неговите конзервативни сојузници го контролираат мнозинството во парламентот, но измената на Уставот мора да ја поддржат две третини од пратениицте.

Предложената измена всушност треба да послужи како гест за одделните членови на конзервативниот сојуз, кои минатата недела во Сејмот лобираа за таквото решение, за британските медиуми изјави неименуван извор од ПиС.

Партијата е повеќе расположена за опцијата за оддржување на избори на кои избирачите би гласале по пошта , додадоа тие.

Би можело да ве интересира

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Олександр Усик е уапсен на аеродромот во Краков

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

Европа под вода, во Краков е најавена вонредна состојба

A1on

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани