(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

Од:

Полска се соочува и со тешки и катастрофални поплави кои ја погодија Европа. Пет лица загинаа како последица на поплавите, телото на хирург кој се враќал од работа е пронајдено во градот Ниса.

Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација, а драматичните фотографии го обиколија светот.

За време на најголемата бура во последните години, огромни количини на вода зафатија цели градови во текот на викендот, вклучувајќи го и Јесеник, кој целосно исчезна под вода.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.

Непрестајниот дожд доведе до поплави во областите во близина на границата со Чешка.

Во мал град во Долна Шлезија цели улици беа под вода, а најмалку едно лице загина.

Градот Ниса беше особено погоден во неделата. Поплавите го зафатија одделот за итни случаи на локалната болница, според новинската агенција ПАП.

Со гумени чамци се евакуирани вкупно 33 пациенти, меѓу кои и деца и една трудница.

Се очекува поплавите да стигнат до Вроцлав во среда.

Вирална е снимката од германски овчар кој со часови бил заробен на остатоците од урнатиот мост во еден полски град.

Поројната вода го сруши мостот кој се уште беше во изградба, а кучето се сокри зад бетонските блокови од поплавата.

Откако камерата се врати на истото место по неколку секунди, кучето го немаше, но приказната сепак има среќен крај.

Имено, кучето успеало да се задржи на површината, а водата го однела до местото каде граѓаните го спасиле.

За малку ќе се случеше трагедија во градот Гологлави кога поплава однесе автомобил во кој имало родители со две деца. Фотографиите од социјалните мрежи покажуваат како речиси целиот автомобил завршил под вода која дошла толку брзо што возачот немал време да реагира.

Освен Полска, поплавите зафатија и други делови од Европа. Во Чешка едно лице загина, а седум лица исчезнаа поради поплавите. Со тешкотии поради поплавите се борат и Австрија и Романија.

Главниот град на Словачка Братислава и главниот град на Унгарија Будимпешта се подготвуваат за наплив на вода поради зголеменото ниво на Дунав.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ