Полска се заканува со блокада на Самитот на ЕУ за да спречи повторен избор на Доналд Туск

Од:

Полска се заканува дека ќе го блокира целосно денешниот Самит на ЕУ во Брисел, во обид да се спречи повторниот избор на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, зад чиј втор мандат застанаа сите други земји членки.

Полскиот министер за надворешни работи Витолд Варшчиковски, во Варшава изјави дека неговата земја „ќе направи се“ за да не дозволи Туск да добие уште еден мандат.

Полскиот премиер Беата Шидло, претходно, испрати писмо до Брисел во кое бара од нејзните европски партнери да не го изберат Туск , кого го обвинува дека „во повеќе наврати“ ги надминал овластувањата што му ги дава неговата европска функција.

Таа тврди дека Туск како претседател на Европскиот совет се мешал во полските внатрешно политички работи, ја подржувал опозицијата на сегашната влада и заговара и брани поинаква ЕУ , која е спротивна на интересите на Полска.

Полската десничарска партија „Право и правда“ на ЕУ и понуди свој кандидат, меѓутоа никој во Унијата не го прифака.

Зад кандидатурата на Туск застана не само Европската комисија, туку и германскиот канцелар Ангела Меркел, Британката Тереза Меј, која последен пат учествува на еден Самит на ЕУ, пред да почне процесот за Брегзит, во кој активно треба да се вклучи претседателот на Европскиот совет, како и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Европски дипломати изјавија дека досега не е забележан случај, една земја членка да покаже толку големо непријателство кон кандидат од истата таа земја, за една функција во ЕУ, кој доаѓа од друга полска партија, различна од владејачката.

Доналд Туск беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, како лидер на партијата Граѓанска платформа.

Во тој период, тој беше остро критикуван од тогашниот лидер на опозицијата и на партијата „Право и правда“ Јарослав Качински кој сега и ја започна кампањата против повторниот избор на Туск.

Качински го обвинува Туск дека е „политички одговорен“ за авионската несреќа во 2010 година, кога во урнатиот полски авион, кај рускиот град Смоленск, загина тогашниот претседател на Полска, брат-близнак на лидерот на владејачката партија, Лех Качински.

Туск е посебно критикуван што дозволил во првата истрага да учествуваат руските власти, иако според Чикашката конвенција за авионски летови е предвидено дека во случај на пад на авион, истрагата ја води земјата на чија територија се урнал авионот.

Сите истраги за полската авионска несреќа, во која загинаа 95 лица, заклучија дека станува збор за пилотска грешка, во услови на густа магла во реонот на Смоленск.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне