Полска ќе ги затвори училиштата и факултетите поради новиот коронавирус

Од:

Во Полска од утре во следните 14 денови ќе бидат затворени сите училишта, кина, театри и музеи, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Полските власти соопштија дека предучилишните и училишните институции од утре нема да работат, додека за најмалите деца уште ова недела ќе биде обезбедена ограничена грижа.

Факултетите, музеите, театрите и кината исто така ќе бидат затворени од утре.

– Во многу тешка ситуација сме, но по Италија можеме да видиме дека може да биде многу потешко, изјави полскиот премиер Матеуш Моравијецки.

Додека полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски наведе дека во училиштата нема епидемија, но оти Владата се обидува да го спречи ширењето на вирусот. Тој истакна дека децата треба да останат дома и да избегнуваат користење на јавен превоз.

Во Полска досега се потврдени 26 случаи на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски