Полска го награди Тони Блер за помошта при влегувањето во ЕУ

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер е добитник на годинешнава награда на Асоцијацијата на бизнис лидерите во Полска, како благодарност за неговото залагање и помагање земјата да стане полноправна членка на Европската Унија.

Наградата на Блер му се доделува и затоа што не ги затвори вратите на британскиот пазар на трудот за Полјаците кои сакаат да работат во Велика Британија.

Блер не присуствуваше на доделувањето на наградата во Варшава, но испрати писмо со благодарност, изразувајќи го својот голем респект за Полска и за нејзиниот народ и за нивните вкупни постигнувања.

Наградата што му е доделена на Блер е специјална награда што полските бизнисмени ја даваат на угледни странски државници и личности. Пред Блер, оваа награда ја имаат добиено, поранешниот британски премиер Маргарет Тачер и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Кога Полска, на 1 мај 2004 година, влезе во ЕУ тогашната лабуристичка Влада на Тони Блер одлучи да ги отвори вратите за луѓето од земјите на Источна Европа, овозможувајќи им да работат, но и да се населуваат во Велика Британија.

Владата очекуваше дека годишно, од европскиот Исток ќе се населуваат по околу 15 илјади имигранти, но само од Полска, дојдоа неколку стотина илјади, со намера трајно да останат на британската територија.

Актуелната британска Влада, сега, настојува драстично да го намали приливот на странците, не само на оние од земјите надвор од ЕУ, определувајќи разни мерки за ограничување и покрај постоењето на единствениот и заеднички пазар на стоки, луѓе и идеи на Унијата.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад