Полска формира заедничка воена единица со Литванија и Украина

Од:

Полска ќе создаде заедничка воена единица со Литванија и Украина со команден центар во источниот полски град Лублин, изјави вчера полското претседателство.

Според портпарол на полското Министерство за одбрана планираната бригада ќе биде составена од полски, литвански и украински војници, кои ќе бидат распоредени во своите дражви, а командата ќе биде во градот Лублин.

Проектот има за цел да се создаде единица што ќе може да учествува во мировни операции, како и да се постави основа за создавање на борбена група на НАТО, во случај да биде донесено такво решение во иднина.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата