Полска: Дуда одби да разговара со Туск за судските реформи

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да оствари состанок со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со цел да дискутираат за спорните реформи во полскиот судски систем.

Синоќа, Европската комисија побара полската Влада да ги запре новите закони и повторно да започне дијалог за нив, бидејќи доколку Варшава не стави крај на „очигледните ризици“ за правната држава ќе бидат наложени невидени санкции.

– Добивме барање за средба, изјави синоќа началникот на претседателската канцеларија Кшиштоф Шчерски.

– Претседателот побара да се пренесе до Туск, дека според него нема место за интервенција од страна на претседателот на Европскиот совет, нагласи Шчерски.

– Дуда смета дека претседателот на Европскиот совет треба попрво таа иницијатива да ја поднесе во Брисел, отколку во Варшава, со цел да ја објасни природата на промените и причините за политичките несогласувања во Полска, истакна тој.

Во текот на изминатата ноќ полскиот Парламент, каде превласт има конзервативната десница, ја продолжи работата за исклучително спорниот закон за Врховниот суд.

Законот е дел од целосната реформа, окарактеризирана од страна на опозицијата како „притаен државен преврат“.

Од неделата наваму за овие реформи протестираат неколку илјади Полјаци.

Само за неколку часови парламентарната комисија, што има задача да го разгледа новиот закон, отфрли во целост над илјада предлог-амандмани дадени од опозицијата, и одобри, исто така целосно, промени што беа предложени од претседателот, зголемувајќи ги овластувањата на идното функционирање на Врховниот суд.

Денеска се очекува конечното гласање на текстот во полскиот Долен дом, што ќе му овозможи на Сенатот (Горниот дом, каде исто така доминира конзервативната партија Право и правда), да го одобри утре.

– Новите реформи „сериозно ги зголемија заканите за правната држава во Полска, забележа синоќа заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

Тој напомена дека минатата година Брисел веќе подготвил постапка против Полска, по извршените реформи во Уставниот суд.

– Веќе сме сосема близу до активирање на членот седум од договорот на Европската унија, со што можат да бидат наложени санкции како укинување на правото на глас на Полска во Советот на ЕУ, предупреди тој.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад