Полјаците заминуваат од Британија поради антиполското расположение по Брегзит

Од:

Засиленото антиполско расположение во Велика Британија, а посебно во Англија, што се забележува по одлуката за Брегзит, ги тера полските мигранти да почнат да си заминуваат и да се враќаат во својата татковина, пишува Би-Би-Си.

Анкетата што е направена меѓу полските мигранти во Лондон и низ разни делови од Англија покажува дека тие се изложени на напади на верска, национална и расна омраза, а најмногу на говорот на омразата.
Бројот на ваквите напади е значително зголемен по референдумот за напуштање на ЕУ, од 23 јуни.

Еден полски мигрант беше брутално убиен , а неговиот пријател претепан и повреден, при напад на банда тинејџери кои ги нападнале Полјаците само затоа што зборувале на полски јазик.

Притисоците да не зборуваат полски и меѓу себе и погрдните изјави, се најчестиот вид на насилство и антиполско расположение.

Една Полјачка за Би-Би-Си рекла дека после седум години проведени во Британија решила да си замине од земјата, затоа што односот на домаќините кон неа повеќе не е онаков како при доаѓањето.

Таа била нападната од една Англичанка која и дофрлила дека не смее со своето дете да зборува на полски јазик.

„Ова е Британија и овде мора да зборувате англиски“ рекла Англичанката.

Кога Полјачката и објаснила дека таа има право да зборува со своето дете на својот јазик, и било возвратено дека по Брегзит, за нив и за сите дојденци (од ЕУ) се укинуваат сите права.

Таа се пожалила дека во меѓувреме ја загубила и досегашната работа, па веќе бара работа некаде во Полска, каде економската ситуациа сега е многу подобра, откоку во 2004 година, кога Полска влезе во ЕУ.

Сите полски мигранти кои учествувале во анкетата на Би-Би-Си рекле е навредливо за нив, но срамно за Британија што на Културниот центар на Полска во Лондон е напишан графит со порака -одтете си дома, а ана друг- нема повеќе ЕУ, нема веќе полски „вошки“.

Британскте Полјаци ги отфрлаат како неточни обвинувањата од екстремните Англичани и антиевропски настроените Британци, дека Полјаците и другите од Источна и Југоисточна Европа, им ја одземаат работата на Британците и ги ограбуваат британските социјални фондови.

Еден млад полски мигрант кој изјавил дека веќе нашол работа во Полска, уверува дека мигрантите од ЕУ го раотат она што Британците не сакаат да го работат. Тој вели дека сите тие несе во Британија да „крадат„ од Британците, туку за подобар живот, тродољубиво работејќи и плаќајќи данок на државата.

Минатиот месец полскиот заменик премиер Матеуш Мазовјецки беше во посета на Лондон за да протестира против ваквиот излив на насилство кон полските државјани.

Подоцна за некои лондонски медиуми тој рече дека во следните години, како Британија ќе се повлекува од ЕУ, „ илјадници Полјаци„ ќе заминуваат од британската територија.

Според последните податоци на британската државна статистика , во Велика Британија има 2,2 милион мигранти од ЕУ. Околу 800 илјади се Полјаци.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад