„Политико“: Европа размислува како да го ограничи Трамп

Од:

Европските претставници и дипломати водат доверливи разговори за тоа како да се му се спротивстават на американскиот претседател Доналд Трамп околу Гренланд, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Прашањето, наводно, е многу чувствително, кое се дискутира во неколку европски престолнини, далеку од очите на јавноста. Иако преовладува верувањето во европските кругови дека секој отворен вооружен конфликт меѓу САД и која било европска земја би бил краткотраен, се разгледуваат и други начини за влијание врз однесувањето на Вашингтон.

Еден можен пат вклучува американски воени инсталации во Европа и пошироката северноатлантска област. Некои претставници се прашуваат зошто САД би продолжиле да ги користат овие објекти, како и да уживаат поддршка од европските морнарици, воздухопловни сили и безбедносни служби, доколку се обидат да го оспорат суверенитетот на Данска, земја-членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници