Полицијата во главниот град на Тунис употреби солзавец за растерување на демонстрантите пред зградата на Парламентот, кои бараат негово распуштање и исмалистите, кои протестираат во знак на поддршка на властите.
Полициски сили беа испратени против илјадници опозициски демонстранти, кои се собраа пред парламентот по погребот на убиениот опозициски политичар Мохамед Брахими.
Опозицијата побара распуштање на Парламентот и оставка на предводената од исламисти влада.
Во контра протести стотици исламисти се собраа пред Парламентот, скандирајќи пароли против тоа, оценувајќи го како обид за удар над демократијата.