Во заедничка акција на агенциите за борба против наркотици на Малезија и Сингапур запленето е големо количество наркотици, чија вредност првично се проценува на два милиони долари.
Дрогата и шверцерите се фатени во пограничниот град Џохор Бару, а уапсени се четворица од организаторите на криумчарењето наркотици.
Во контејнер што го пренесувале по двајца државјани на Малезија и Сингапур имало 63.500 психотропни пилули, 150 килограми кетамин и неколку илјади други наркотични средства. Полицијата соопшти дека ова е најголемата пратка на наркотици откриена во Малезија и Сингапур годинава.
Ако им биде судено во Сингапур, криумчарите на наркотици речиси сигурно ќе добијат смртна казна.