Северна Кореја го погуби началникот на Генералштабот на војската, Ри Јонг Гил, јави денеска јужнокорејската агенција Јонхап, во екот на тензиите, откако Пјонгјанг пред три дена лансираше ракета со голем дострел.
И други светски агенции јавија дека Ри е погубен.
Доколку се испостави дека тоа е вистина, тоа ќе биде најновото во серијата погубувања и исчезнувања под режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џон-ун.
Јонхап и другите јужнокорејски медиуми јавија дека Ри е погубен овој месец поради корупција и фракциски заговори, но не наведоа на кои извори се повикуваат.